Компанијата е основана во 1992 година како компанија со основна дејност производство и изработка на различни машини и алати за прехранбената индустрија, индустријата за дрво, хартија, метал и пластика. Сепак, корените на компанијата се наоѓаат во 1942 година кога Габев Колчо како занаетчија во областа на лимарството ја започнал својата работилница во Кавадарци и Тиквешко.
Се занимаваме со производство на:
Разни машини и резервни делови.
Црева за висок и низок притисок.
Изработка на разни фитинзи.
Хидрулични клипови и хидрулични агрегати
Цевки за нафта за дизел мотори и црева за кочници.
наши секојдневни активности
Сервис на различни машини од прехранбена индустрија, метална индустрија, градежна индустрија и др.
Сервис на хидраулични штипки, пумпи, црева, сплитери, вентили и други...
Зашрафување на автомобилски блокови и обработка на глави, сервисирање на пумпи за вода за моторни возила и сервисирање сопирачки за моторни возила